Маркоски: Со успех против Пелистер да ја надминеме кризата

Крилниот напаѓач на Работнички, Кире Маркоски, се надева дека тоа „романтичарите“ покажуваат знаци за излез од резултатска криза. По добрата игра против Шкендија во Купот, и покрај елиминацијата на пенали, Маркоски очекува тимот од Дебар Маало да одигра квалитетно и да оствари позитивен резултат на неделниот дуел со Пелистер.

„Против Шкендија во Купот одигравме навистина на високо ниво, и само среќата во пенал – рулетот не дозволи да се пласираме во следната рунда. Но, мислам дека тоа е добар знак како нашата игра сега е на многу повисоко ниво, па очекувам да продолжиме со уште подобри изданија и да излезме од кризата. Со многу борба и залагање, и максимална посветеност, мислам дека можеме да оствариме позитивен резултат и на неделниот дуел против Пелистер. Тоа е тим што претендира за излез во Европа, спој на младост и искуство, кој има несомнен квалитет, но и нашата самодоверба сега е зголемена и ќе се обидеме тоа да го преточиме во добар настап“, вели Кире Маркоски за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...