Маркоски во АЕЛ Лимасол до 2020 година

Досегашниот крилен напаѓач на Работнички, Кире Маркоски својата кариера ќе ја продолжи во кипарскиот шампионат, во редовите на АЕЛ Лимасол.

По крајот на договорот со „романтичарите“ Маркоски се одлучи на активирање интернационална кариера па викендов и дефинитивно се договори на трансфер во АЕЛ до јуни 2020 година, со можност потоа на продолжување на истиот на уште две години.

Маркоски ќе биде втор Македонец во редовите на АЕЛ, по актуелниот младински репрезентативец Давор Здравковски кој од минатата сезона е дел од кипарскиот тим.

23-годишниот Маркоски е втор фудбалер кој од Работнички ова лето се сели на Кипар. И Душко Трајчевски е пред преселба на Островот, во редовите на Алки.

Се вчитува...