Маркус Рашфорд стана најмладиот доктор на науки

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд е награден од страна на Универзитетот во Манчестер со тоа што му беше врачен почесен докторат. Како што пренесуваат англиските медиуми тој станал најмладиот доктор на науки.

Од страна на Универзитетот во Манчестер му е доделен почесниот докторат како награда за неговиот допринос за друштвото кога се избори да им помогне на сиромашните деца. Почесниот докторат е награда која универзитетите ја доделуваат без обврска личноста да мора да присуствува на предавањата или да полага испити.

Рашфорд со ова стана третата личност од Јунајтед која е наградена со ова признание, а пред него тоа го добија само големите Сер Алекс Фергусон и Сер Боби Чарлтон.

Се вчитува...