Мароканците во шок: „Ова е циркус или мундијал? Судијата го бараше дресот од Роналдо!“

Мароко веќе по првите два напревари на Светското првенство 2018 доживеа елиминација… Мароканците денеска загубија со 1-0 од Португалија, но за нив е повеќе од срамно однесувањето на главниот судија Марк Гајгер од САД за време и по натпреварот…

Во текот на првото полувреме од денешниот меч, како што тврдат Мароканците, Гајгер побарал Роналдо да му го чува дресот на крајот…!!??

„Не знам за што зборуваме ние тука!? Па, не знам дали ова тука е циркус или мундијал? Замислите, судијата по првото полувреме го праша Роналдо дали може да му го чува дресот по мечот… Тоа го потврди и Пепе. Едноставно тој беше импресиониран во текот на целиот натпревар од Роналдо. А, ние се обидуваме да играме фудбал и да дојдеме до успех бранејќи ги боите на својата земја. Не знам што да кажам“ – изјави репрезентативецот на Мароко, Нордин Амрабат.

Се вчитува...