Марота: Алегри 100% останува во Јувентус

Во ситуација кога ПСЖ, Баерн Минхен, Челси и Арсенал бараат тренери за новата сезона, јасно е зошто многу често во сите комбинации се споменува името на Масимилијано Алегри, кој создаде шампионска династија во Јувентус.

Убедливиот пораз од Реал Мадрид во ЛШ беше причина за нови шпекулации дека Алегри би можел да си замине од Јуве на крајот од сезонава, но ваквите информации беа експресно демантирани од страна на директорот на „старата дама“, Џузепе Марота.

За нас нема дилеми, Масимилијано Алегри 100% ќе биде тренер на Јувентус и во нардната сезона. Разговаравме по натпреварот со Реал Мадрид и двете страни имаат желба оваа долгогодишна соработка да продолжи“ – изјави Марота.

Масимилијано Алегри пристигна во Јувентус во 2014 година и успеа да стигне до три двојни круни во италијанскиот фудбал. Воедно, тој стигна и до две финалиња во Лигата на шампионите, но таму загуби од Барселона и од Реал Мадрид.

Се вчитува...