Марота го убедува Дибала да дојде во Интер

Италијанскиот калчолигаш Интер тргнува во офанзива за ангажман на аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала. Јувентус е во преговори да го размени со Ромелу Лукаку и да го испрати на „Олд Трафорд“, но Бепе Марота се надева дека може да го убеди повторно да дојде во клубот каде тој работи.

Марота беше клучниот човек за ангажманот на Дибала од Палермо во Јувентус пред неколку години и сега сака повторно да го повлече, овојпат на „Џузепе Меаца“.

Дибала нема место во тимот на Јуве и речиси сигурно ќе си замине. „Нероаѕурите“ и „бјанконерите“ се во битка и за потписот на Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...