Марота: Конте ќе ги добие засилувањата кои ги сака

Извршниот директор на Интер, Бепе Марота најави дека „нероаѕурите“ ќе бидат активни во јануарскиот преоден рок. Во текот на летото Интер ги засили своите редови со цел да се врати на врвот на италијанскиот фудбал.

„Знаеме дека ситуацијата е алармантна, но во зимскиот преоден рок гледаме со дозна на оптимизам. Подготвени сме да ги искористиме шансите и да го засилиме тимот како би ги исполниле амбициите“, изјави Марота.

Досега избраниците на Конте играат одлично. Во Серија А се наоѓаат на втората позиција со само бод помалку од актуелниот шампион, а имаат изгледни шанси и за поминување на групната фаза во Лигата на шампионите.

Се вчитува...