Марсеј ги шокираше „кнезовите“ пред самиот крај

Олимпик Марсеј оствари изненадувачка победа на гости (2-3) против Монако, откако имаше негатива на стартот од второто полувреме. Но, тимот на Руди Гарсија со упорна игра успеа да стигне до победа со гол во 90.минута од дуелот. Стрелец на победничкиот погодок беше Валер Жермен.

Митроглу го доведе Марсеј во водство по првиот дел, а Тилеманс и Фалкао направија пресврт на самиот старт од второто полувреме. Сепак, Флоријан Товин израмни, а Жермен им го зададе конечниот удар на „кнезовите“.

Се вчитува...