Марсеј го „преслуша“ Лориен и се доближи до Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Олимпик Марсеј стигна до победа од 0-3 на гостувањето кај Лориен во натпревар од 36. коло во француската Лига 1. Водство од 0-1 за гостите донесе Диенг во 39. минута, а со овој резултат се замина на пауза.

Во второто полувреме Гендузи во 48. минута зголеми на 0-2, додека конечните 0-3 ги постави Жерсон во 67. минута. Марсеј со оваа победа повторно му побегна три бода на табелата на Монако на две кола до крајот на шампионатот.

Lorient 0 – [3] Marseille – Gerson 67′ from soccer

 

 

 

Се вчитува...