Марсеј и ПСЖ одиграа 0:0: Добар фудбал на „Велодром“, недостасуваа само голови

Многу добар натпревар се одигра на „Велодром“ на кој француското дерби меѓу Олимпик Марсеј и ПСЖ заврши без голови.

Двата тима ги тресеа мрежите, но головите беа поништени поради офсајд.

Во 43. минута голема шанса имаше Меси кој се обиде од 16 метри, но топката отиде само крај голот. Во 57. минута гостите остнааа со играч помалку откако беше исклучен Хакими.

Ронгиер имаше шанса за Марсеј, но и овој пат немаше гол.

Навивачите на Марсеј имаа жесток пречек за Меси, и покажаа каква атмосфера владее во Франција. Еден навивач дури успеа да влезе на теренот и да направи прекин.

Се вчитува...