Марсеј ја продолжи трката за место во Лигата на Шампиони

Марсеј славеше со 3-1 во натпреварот од 35. коло во француското првенство против Ангер со што стигна до 22 триумф во сезоната и ја продолжи битката за место во Лигата на Шампиони следната сезона.

Марсеј до победата стигна со целосен пресврт откако Сима во 28. минута ги доведе гостите до предност од 0-1. Санчез во 34. минута изедначи на 1-1, а Паје и Веретут со голови во 48. и 77. минута се погрижија за комотна победа.

Со неа Марсеј останува два бода зад Ленс кој е на втората позиција на табелата, додека Ангер нема шанси да избегне релегација.

Се вчитува...