Марсеј казнет од УЕФА пред полуфиналето во Лигата на Конференции

Европската фудбалска унија УЕФА го казни денеска тимот на Олимпик Марсеј со затворање на дел од стадионот за натпреварот во полуфиналето на Лигата на Конференции против Феенорд. Марсеј ја доби оваа казна поради нереди на мечот со ПАОК во претходната фаза.

Покрај тоа, Марсеј ќе треба да плати и 80.000 евра поради употреба на пиротехника и фрлање на предмети на терен, како и 18.000 евра поради блокирање на скали.

УЕФА исто така го казни и ПАОК со 50.000 евра, а грчкиот клуб ќе мора да ја надомести штетата која ја направи на стадионот на противникот.

ПАОК ќе биде казнет со тоа што ќе има забрана да им продава билети на своите навивачи на гостувањата во Европа во следните две години.

Се вчитува...