Марсеј не може да победи дома

Олимпик Марсеј моментно е второпласиран на табелата во француското првенство, а очајната форма на домашен терен е причината поради која тимот на Игор Тудор не може да му се приближи на ПСЖ во борбата за титулата. Фудбалерите на Олимпик вечерва ремизираа 1-1 со Монпелје, што беше петти домашен дуел во низа на кој Олимпик не успеа да стигне до цел плен (два порази и три реми).

Повторно Олимпик Марсеј беше тимот со поголем посед на топката, но се беше попусто кога избраниците на Тудор се мачеа да создадат шанса за гол. Монпелје прв поведе со голот на Нордин во 12. минута, а домаќините успеаја да израмнат со пеналот што го реализираше Гендузи пред самиот крај на првото полувреме.

И покрај обидите да сторат нешто повеќе, домаќините не успеаја да направат целосен пресврт, па сега заостануваат шест бода, но со натпревар повеќе во однос на лидерот ПСЖ.

Се вчитува...