Марсеј почна преговори со Арсенал за Колашинац

Олимпик Марсеј е во преговори за доведување на дефанзивецот на Арсенал, Сеад Колашинац. Договорот на Босанецот истекува на лето, но раководството на Арсенал му даде дозвола сега да бара нов тим.

Така може да си замине на „Велодром“, пишуваат медиумите во Франција. Марсеј веќе стапил во контакт со агентот на играчот за да достави официјална понуда. Сепак, разговорите во моментов не се одвиваат баш лесно и се чини дека фудбалерот поставил доста високи барања. До неодамна беше поврзуван со трансфер во Ватфорд, но во последен момент зделката пропадна.

Доколку Колашинац биде префрлен во Марсеј, тој повторно ќе игра во клубот со своите поранешни соиграчи од Арсенал, Матео Гендузи и Вилијам Салиба, кои моментално играат како позајмени на „Велодром“.

Се вчитува...