Марсеј почна со 0-2, па му пукна „петарда“ на Анже

Олимпик Марсеј по три натпревари пауза конечно славеше на домашен терен во француското првенство, совладувајќи го тимот на Анже со 5-2.

Дуелот почна катастрофално за домашните фудбалери, кои по само единаесет минути игра се најдоа во негатива од 0-2, но погодокот на Аркадиуш Милик на асистенција на Гвендузи значеше и почеток на фуријата на домашниот состав. Жерсон погоди од дваесетина метри за 2-2 уште во првото полувреме, за пресвртот да биде комплетиран во вторите 45 минути.

Ерупција од воодушевување на „Велодром“ предизвика водечкиот погодок на Милик во 70. минута, само осум минути подоцна полскиот голгетер го комплетираше и својот хет-трик, пред конечните 5-2 да ги постави Ченгиз Ундер.

Се вчитува...