Марсеј ремизираше со Стразбур и се прости од Европа (ВИДЕО)

Стразбур и Олимпик Марсеј одиграа 1-1 во воведниот натпревар од 35. коло во француската Лига 1. Првото полувреме помина без многу шанси, а на пауза се замина со најнепопуларниот резултат.

На стартот на второто полувреме гостите од Марсеј поведоа со голот на Валери Жермејн во 48. минута, а конечните 1-1 ги постави Кени Лала кој изреагира најприсебно по промашениот пенал на неговиот соиграч Жонас Мартин во 65. минута.

Киксот во Стразбур на избраниците на Руди Гарсија им ги намалува шансите за пласман во Европа следната сезона, бидејќи во моментов се петтопласирани со четири бода помалку, но и натпревар повеќе од четвртиот Сен Етиен. Стразбур останува деветти со 46 бода.

Се вчитува...