Марсеј со играч помалку водеше 2-0, па за една минута изгуби три бода (ВИДЕО)

Фудбалерите на Олимпик Марсеј одиграа реми против Стразбур 2-2 во еден луд натпревар од 27. коло во француската Лига 1. Иако домаќините играа со играч помалку уште од 29. минута кога Балерди доби директен црвен картон тие успеаја да стигнат до водство од 2-0.

Откако мируваа мрежите во првото полувреме Мбемба во 49. минута донесе водство за избраниците на Игор Тудор од 1-0. Голот за 2-0 беше дело на Алексис Санчез кој прецизно биеше од пенал во 76. минута. И кога мислеа фудбалерите на Марсеј дека го решија победникот, се случи вистински шок за домашните навивачи. Ахолоу со два гола во 88. и 89. минута донесе реми за гостите.

Marseille 1-0 Strasbourg – Chancel Mbemba 49′ from soccer

 

Се вчитува...