Марсеј со Тудор тргна со победа (ВИДЕО)

Олимпик Марсеј со новиот тренер Игор Тудор, тргна со триумф во францускиот шампионат, откако неговиот тим го совлада Ремс со 4-1.

Во 13. минута Марсеј поведе со автогол, а во судиското надополнување од првиот дел, „Велодром“ одново експлодираше откако Тавареш постигна гол за 2-0.

Во 75. минута Суарез зголеми на 3-0, а Балогун успеа да постигне почесен гол за гостите. Во финишот од средбата конечните 4-1 ги постигна Суарез со својот втор гол.

Се вчитува...