Марсеј за доведувањето на Роналдо: Убав сон, но да бидеме реални…

Кристијано Роналдо и натаму е тема во фудбалскиот свет. Португалецот го напушта тимот на Манчестер Јунајтед, но натаму не е познато во кој клуб ќе се пресели. Се шпекулираше со различни екипи, од враќање во Реал Мадрид, до Барселона, па во Челси, ПСЖ, Борусија Дортмунд, Спортинг Лисабон, а во последно време се споменуваше и тимот на Олимпик Марсеј.

Во италијанските медиуми се појави информација дека неговиот агент Хорхе Мендеш се сретнал со раководството на Олимпик Марсеј. Меѓутоа сето тоа го демантираше претседателот на клубот, Пабло Лонгорија.

„Живееме во свет во кој преку социјалните мрежи секогаш се трага по сензација. Имаме средства какви што имаме. Да барате Роналдо да дојде во Марсеј е исто како да барате да дојде Де Брујне, Нуњез или Халанд. Убави се тоа соништа, но да бидеме реални“, рече Лонгорија.

Се вчитува...