Марсело Биелса нов тренер на Рома?

Досегашниот тренер на Езгјан Алиоски во Лидс Јунајтед, аргентинскиот стратег Марсело Биелса, е најсериозен кандидат за нов шеф на стручниот штаб на италијанскиот калчолигаш Рома. По отказот за Еузебио ди Франческо, на клупата на Рома седна Клаудио Раниери, но тој има договор само до крајот на тековната сезона во Серија А. Раководството на клубот ќе бара нова солуција за долгорочно решение на тренерската позиција.

Антонио Конте беше во преговори за да го преземе кормилото на Рома, но ја одби понудата на „волчицата“ и најверојатно ќе седне на клупата на Интер.

Биелса со Лидс Јунајтед не успеа да се избори за пласман во Премиер – лигата, па иако има договор до 2020 година, се очекува да се раздели со членот на англиската Чемпионшип дивизија.

Се вчитува...