Марсело го мина поголемиот дел од последните две-три сезони како резерва во Реал Мадрид, левиот бек одби неколку понуди да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, а наградата за лојалноста пристигна денеска – кога Бразилецот стана најтрофеен фудбалер во историјата на шпанскиот гигант.
Денешната шампионска титула беше вкупно 24. трофеј што Марсело го крена како член на Реал, најмногу од сите фудбалери во историјата на овој неверојатен клуб.
Бразилецот, кој пристигна во Мадрид во 2007 година од Флуминенсе, има освоено шест титули во Ла Лига, два пехари во Копа дел реј, пет во Супер-купот на Шпанија, како и по четири титули во Лигата на Шампионите и на клупските мундијали, како и три во Супер-купот на Европа.
Навистина неверојатно достигнување на ветеранот кој летово како слободен играч ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“, но неговото име ќе остане запишано во листата на рекорди на најтрофејниот европски клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА