Марсело го пропушта мадридското дерби

Реал Мадрид ќе биде значително ослабен за претстојното градско дерби со Атлетико откако по Иско тренерот Хулен Лопетеги остана без услугите на уште еден стандарден првотимец. Станува збор за левиот бек Марсело, кој заработи повреда на последниот меч со Севилја, мораше да биде заменет, па сега ќе мора да отсуствува извесно време од терените.

Деталните прегледи покажале истегнување на мускулот, а лекарите препорачале мирување во следните две седмици, по што е јасно дека Лопетеги ќе мора да експериментира на оваа позиција во тимот, на која најверојатно шанса ќе добие Начо иако станува збор за централен дефанзивец, а не за лев бек.

Реал Мадрид во Севилја го претрпе првиот пораз сезонава, па останува да се види каква ќе биде реакцијата на „кралевите“ токму на градското дерби со големиот ривал.

Се вчитува...