Марсело имаше интересна порака за Нејмар пред натпреварот Реал – ПСЖ

Марсело и Нејмар синоќа пред почетокот на мечот меѓу Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, се сретнаа во тунелот на „Сантијаго Бернабеу“, а камерите забележија интересен детаљ. Додека двајцата фудбалери чекаа да излезат на загревање, Марсело му порача на Нејмар „Ти играш подобро од Мбапе“.

Томас Тухел натпреварот го почна со Икарди, Мбапе и Ди Марија во нападот, а Бразилецот влезе на стартот на второто полувреме. Натпреварот заврши без победник 2-2, а херој на „светците“ беше голманот Кејлор Навас кој имаше неколку извонредни интервенции.

 

Се вчитува...