Марсело: Мурињо назад во Реал? Немам коментар…

Не минаа ниту десет часа од отказот што Жозе Мурињо го доби во Манчестер јунајтед, а „специјалниот“ веќе е поврзуван со нов тренерски ангажман, и тоа во добро позната средина. Реал Мадрид игра слабо под водство на Сантијаго Солари, Флорентино Перез не крие дека бара врвен тренер за наредната сезона, а како што стојат работите Мурињо би можел да се врати назад на „Бернабеу“ веќе во текот на овој шампионат.

Реал се подготвува за настап на клупскиот мундијал во Обединедите Арапски Емирати, а шпекулациите стигнаа и до самите фудбалери на Реал.

„Мурињо назад во Реал? Немам коментар, бидејќи ако тоа се случи секако ќе биде одлука на некој друг, а не моја или на било кој фудбалер“ – кратко прокоментира левиот бек Марсело.

Многу „потресен“ од новите шпекулации не беше ниту кормиларот на „кралскиот клуб“, Сантијаго Солари.

„Немам зошто да сум загрижен. Јас сум тренер на Реал, имам договор и знам дека управата верува во моите квалитети. Од друга страна, јасно ми е дека ова е Реал Мадрид, секогаш ќе постојат шпекулации, нема потреба да им се даваат преголемо значење, мора само да се работи напорно“ – порача Солари.

Се вчитува...