Марсело: Плачев цела ноќ кога Роналдо ми кажа дека си заминува

Кристијано Роналдо и Марсело беа соиграчи во Реал Мадрид цели девет години. Често се дружеа и надвор од терените, а во 2018 нивните патишта повторно се разделија. Португалецот замина во Јувентус, а Марсело и натаму е дел од „кралевите“.

Тешко му паднало на Марсело заминувањето на Роналдо во 2018 година, а Бразилецот вели дека Кристијано тоа го соопштил многу порано.

„Проклетство, трениравме за финалето во Лигата на шампионите против Ливерпул и тој ми кажа дека заминува. Плачев цела ноќ“, рече Марсело.

На крајот двајцата се закитија со титулата европски првак со победата над Ливерпул од 3-1, а потоа Роналдо шокираше многумина со трансферот во Торино.

Се вчитува...