Марсело се повреди, неизвесен за „Ел Класико“?

Европскиот првак Реал Мадрид оствари минимален триумф (2-1) над Плзен во Лигата на шампионите, но триумфот го засени повредата на левиот бек Марсело. Бразилецот пред самиот крај на мечот доби еден непријатен удар и мораше да биде заменет, по што неизвесен е неговиот настап на „Ел Класико“, големото дерби против Барселона на „Камп Ноу“ претстојниот викенд.

Марсело беше и стрелец на вториот гол за „кралевите“ на вечерашниот дуел на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...