Маршалов план на ЦЕВ: Помош за ОФМ и можно одложување на квалификациите

Одбојкарската репрезентација на Македонија веројатно ќе се соочи со одложување на квалификациите за пласман на Евопското првенство. ЦЕВ денеска соопшти дека се разгледува опцијата за преместување на квалификациските дуели за во јануари 2021 година, но конечната одлука ќе биде донесена на 1.јули. Според постоечкиот распоред квалфикациите за пласман на следниот континентален собир се предвидени за август и за септември, а македонската репрезентација е во група Ц со селекциите на Турција, Данска и на Босна и Херцеговина. Квалификациите треба да се играат по системот дома-гости.

Дополнително ЦЕВ денеска потврди дека комплетно се откажани сите Еврокупови како и Златната и Сребрената Европска лига. Добрата вест од европската куќа на одбојката е дека има направено таканаречен „Маршалов план“ со кој на члeнките ќе им подeли сума од 11,5 милиони евра како своевидна помош за пребродување на кризата настаната поради коронавирусот. Исто така и покрај откажувањето на европските натпреварување на учесниците ќе им биде поделен 80% од планираниот награден фонд.

 

 

 

Се вчитува...