Марсијал е желба на Интер

Престојното лето ќе означи крај на една ера на „Олд Трафорд“ со заминување на Антони Марсијал. Француската ѕвезда која е дел од англискиот тим од 2015 година заминува со истекот на договорот, а голема е веројатноста дека ќе се пресели во Италија каде за неговите услуги интерес покажа Интер.

„Нероаѕурите“ го посакуваат 28-годишникот на „Џузепе Меаца“ и тоа без обесшетување со истек на неговиот договор кој е со важност до крајот на сезоната. Преселба во Италија воедно е и желба на Марсијал кој во зимскиот преоден рок одби богати понуди од Саудиска Арабија, но и шанса за враќање во татковината.

Трансферот на Марсијал го чинеше Манчестер Јунајтед 60 милиони евра, но честите повреди го спечија напаѓачот да го покаже својот потенцијал. Французинот досета одигра 317 натпревар во дресот на „црвените ѓаволи“ на кои постигна 90 голови и забележа 50 асистенции.

Се вчитува...