Марсијал го нема на тренинг, следи казна од 180.000 фунти

Манчестер јунајтед ќе го казни Антони Марсијал со 180.000 фунти откако францускиот ас не се појавил на тренинг по враќањето од американската турнеја. Французинот доби три дена слободно за да се врати во Париз и да присуствува на раѓањето на своето прво дете, но „ѓаволите“ сега се бесни бидејќи Марсијал оттогаш воопшто не се појавил во тренинг-кампот во Манчестер, додека остатокот од тимот игра натпревари во САД.

Навистина не знам каде е Марсијал“ – кратко изјави Мурињо во текот на вчерашниот ден, потврдувајќи дека Французинот не е во контакт со него ниту со клупската управа по враќањето во Европа.

Дел од медиумите тврдат дека францускиот интернационалец бил бесен на изјавата на Мурињо од пред неколку дена, кога „специјалниот“ го критикуваше Марсијал бидејќи ги ставил личните интереси пред клупските, па среде турнеја се вратил назад во Франција. Во секој случај, Манчестер јунајтед ќе го казни Марсијал со две неделни плати, во вкупен износ од 180.000 фунти, а се очекува и да се интензивираат преговорите за негово заминување од „Олд трафорд“.

За потсетување, Марсијал има уште една година од договорот со „црвените ѓаволи“, па доколку не биде продаден тој следното лето може да си замине без никаква отштета.

Се вчитува...