Марсијал не сака ниту минута повеќе да биде во Јунaјтед, Французинот почнува преговори со Јувентус

Антони Марсијал очигледно не е задоволен од статусот во Јунатед, па Французинот одлучил и дефинитивно да бара нова средина. Играчот на „црвените ѓаволи“ заминува од „олд Трафорд“ и не сака ниту минута повеќе да биде во составот на Оле Гунар Солскјер.

Последните информации од Торино велат дека напаѓачот почнал преговори со Јувентус. „Старата дама“ повторно се насочува кон Антони и сака да го доведе во зимскиот преоден рок. „Бјанконерите“ сакаат да го засилат нападот во зимскиот преоден рок, а Марсијал е на врвот на листата желби на тренерот Алегри.

Со оглед на фактот дека Душан Влаховиќ е премногу скап за „старата дама“ сега ќе се насочат кон Марсијал. Французинот не добива голема минутажа на „Олд Трафорд“ и сака да ја промени средината, а покрај Јувентус за него интерес покажуваат уште Тотенхем и Евертон.

Се вчитува...