Марсијал се премисли, ќе потпише на пет години со Манчестер јунајтед

Антони Марсијал е подготвен да стави крај на сите шпекулации околу својата иднина и да потпише нов петгодишен договор со Манчестер јунајтед.

Французинот во поголемиот дел од ланската сезона ја грееше клупата, што беше причина кај него да се појави незадоволство и да се одолговлекува за продолжување на актуелниот договор, што истекува на крајот од сезонава. Сепак, зголемениот притисок врз Жозе Мурињо очигледно влијаел и врз Марсијал, кој верува дека „специјалниот“ нема уште премногу долго да биде на „Олд трафорд“, па крилниот офанзивец сега е поготвен да се „врзе“ долгорочно за најтрофејниот англиски клуб.

Понудата од 130.000 фунти неделно што претходно беше одбиена според последните информации сега е прифатена, збогатена со уште неколку бонуси. Се очекува Марсијал новиот договор да го потпише во текот на наредниот месец, но Мурињо тешко дека ќе го промени својот став во врска со овој фудбалер, кому му се прогнозира греење на клупата додека Португалецот се наоѓа на чело на Манчестер јунајтед.

Се вчитува...