Марсијал за автоголот против ПСЖ: Тие се од мојот роден град, морав да им помогнам

Манчестер Јунајтед е пред нов предизвик во Лигата на шампионите. На „Олд Трафорд“ го пречекува Лајпциг во вторто коло од елитното натпреварување. „Црвентие ѓаволи“ сезоната ја отворија со значајна гостинска победа над Пари Сен Жермен во стартната рунда. За триумфот голови псотигнаа Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд. Но, и погодокот на ПСЖ беше дело на играч на Јуанјтед. Ентони Марсијал ја пододи сопствената мрежа. Една седмица по натпреварот, Французинот се шегува на своја сметка.

„Затоа што тоа е клубот од градот во кој сум роден, јас сакав само малку да им помогнам! Не, искрено, ваква работа може да му се случи секому. Бев навистина среќен затоа што моите браќа и голем дел од моето семејство навиваат за Манчестер Јунајтед, но моите пријатели го поддржуваат ПСЖ. Сите ми велеа дека ќе загубиме, но јас им кажав дека нема да биде така. Па кога победивме бев пресреќен“ – вели Марсијал.

Се вчитува...