Мартин Мирчевски го запиша и петтиот гол за ТСЦ Бачка Топола

Македонскиот напаѓач Мартин Мирчевски го запиша и својот петти гол сезонава во дресот на ТСЦ Бачка Топола.

Во 15. коло од шампионатот на Србија, ТСЦ славеше убедливо со 3-0 против Вождовац.

Мирчевски во игра влезе во 73. минута, а веќе во 79. минута погоди за водство од 2-0 на домашните. Џаковац во 88. минута ги постави конечните 3-0.

Се вчитува...