Мотоциклистот на Априлија, Хорхе Мартин одлучи да продолжи да вози во Мото ГП шампионатот и да се бори за титулата, иако на тренинзите за трката за Големата награда на Австралија, доживеа повреда.
Мартин заработи скршеница на подлактицата кај зголот на десната рака, но бидејќи коската не е изместена, не е неопходен оперативен зафат.
Мартин ќе вози веќе наредниот викенд кога на програмата е трката за Големата награда на Малезија која ќе се вози на патеката „Сепанг“.
Шпанецот моменто е на второто место во генералниот пласман во Мото ГП шампионатот со 10 бодови помалку од лидерот и актуелен шампион, Марк Маркез.
До крајот на сезоната останува да се извозат уште четири трки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
