Мартин Павличковски го засили Голден Арт (ФОТО)

Мартин Павличковски во следните две сезони ќе ги браните боите на Голден Арт откако денеска скопскиот тим ја официјализираше соработката со голманот. Младиот и талентиран чувар на мрежата во тимот доаѓа од редовите на Аеродром и заедно со Даскалоски и Виларов ќе го сочинува триото голмани.

Павличовски првите ракометни чекори ги направи во Металург, интересно кај сегашниот прв тренер на Голден Арт, Никола Матлиески, а во текот на кариерата покрај тимот на Аеродром ги бранеше боите и на Пролет.

Се вчитува...