Мартин Велковски: Правевме само глупости… Не знам што се случи!

ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски

И Мартин Велковски не го крие разочарувањето од вториот пораз на македонската репрезентација на Европското првенство 2022.

И покрај тоа што Македонија овој пат беше фаворит против Црна Гора, комплетно потфрли доживувајќи пораз од 24-28.

„Не знам искрено што се случи… Дали од преголема желба направивме премногу технички грешки. Во клучните моменти правевме само глупости и тоа пресуди на натпреварот. Загубивме само поради наши вини, не поради противнички квалитет“ – ни изјави по натпреварот Велковски.

Се вчитува...