Мартинез пред трансфер во Јувенутс

Голманот на Астон Вила и аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез е на добар пат да стане играч на Јувентус. Одличниот голман наводно се согласил и на пониска плата. Во Торино би заработувал пет, додека во Бирмингем има седум милиони евра годишно.

Аргентинецот сака нов предизвик, бидејќи минатата сезона ја освои Лигата на Европа со Астон Вила и со тоа клубот директно се пласираше во Лигата на шампионите.

Сега останува клубовите да се договорат. Наводно, Астон Вила ќе бара 15 милиони евра, a останува да се види дали Јувентус ќе биде подготвен да плати толку за 33-годишниот голман.

 

Се вчитува...