Ангажманот на нов голман е приоритет на Јувентус за овој преоден рок, а плановите да се доведе Алисон Бекер пропаднаа откако бразилскиот чувар на мрежата во последен момент се премисли и реши да ја одработи и последната година од договорот што го има со Ливерпул.
„Старата дама“ целосно го насочи вниманието кон Емилијано Мартинез, првиот голман на аргентинската репрезентација на ова СП кој настапува за Астон Вила. Мартинез и минатото лето беше поврзуван со заминување, на крајот остана на „Вила Парк“, но се чини дека летово е решен дефинитивно да ги смени клупските бои.
Италијанските медиуми тврдат дека преговорите меѓу Јувентус и агентот на голманот минале одлично и начелно се договорени деталите за тригодишна соработка.
Проблем од друга страна претставува барањето на Астон Вила за отштета од 20 милиони евра. Првата понуда на „старата дама“ била во висина од пет милиони евра и експресно биле одбиена од премиерлигашот, од Јуве веќе најавиле дека немаат намера да платат повеќе од 10 милиони евра, па останува да се види одговорот од „Вила Парк“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
