Монако во последните осум години стана машина за пари. Овој тим од малото Кнежество во изминатите години заработиле неверојатни 1 милијарда и 60 милиони евра. Последниот во низата големи трансфери се случи пред неколку дена, откако младиот Орелиен Чуамени од францускиот тим премина во редовите на Реал Мадрид за почетни 80 милиони евра.
Тоа е првата зделка на релација Монако – Мадрид уште од продажбата на Хамес Родригез во 2014 година за 75 милиони евра, после одличните настапи на крилниот фудбалер на Мундијалот во Бразил. Ваква пресметка немал ниту рускиот милијарден Димитриј Риболоблјев кога стана газда на Монако во 2011 година.
Со паметни инвестиции, Монако имаше голема корист. Тимот ја освои титулата во сезоната 2016/2017, а тоа влијаеше на трансферот на Бенџамин Менди кој беше платен 57,5 милиони евра, а Бернардо Силва ги чинеше Манчестер Сити 50 милиони евра.
Веќе следната сезона на сцена стапи Килијан Мбапе. Тој отиде во омразениот ривал ПСЖ за неверојатни 180 милиони евра. Покрај него, се истакна Томас Лемар кој отиде во Атлетико за 72 милиони.
Фабињо од овој тим беше продаден за 45 милиони евра, а потоа за истите пари замина и Јури Тилеманс во Лестер.
Меѓу топ 10 трансфери во изминатите осум години влегуваат и оној на Ентони Марсијал во Јунајтед за 60 милиони, Тиму Бакајоко во Челси за 40 милиони…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА