Масимилијано Алегри ќе направи пауза од фудбалот

Италијанскиот стратег Масимилијано Алегри на крајот на сезоната ја напушти функцијата тренер на Јувентус. И додека се шпекулираше со тимовите кои се кандидати за неговиот потпис, Италијанецот ги демантираше гласините велејќи дека следната година сака да паузира од фудбалот и да се посвети на семејството.

„Одлучив да направам пауза од една година. Последните 16 години си го земаа своето. Чувствував како да сум во центрифуга. Време да се посветам на семејството и пријателите. Морам да ги наполнам батериите за следниот предизвик“, порача Алегри. 

Алегри го презема Јувентус во 2014. година, а со италијанскиот гигант петпати ја освојуваше Серија А, а на двапати играше во финалето во Лигата на шампионите.

Се вчитува...