Нема долго време Масимилијано Алегри да биде без работа. Само еден ден откако го напушти Милан, сега се поврзува со преземање на Наполи. Искусниот Алегри доби отказ од „росонерите“ откако не успеа да обезбеди учество во Лигата на шампионите идната сезона.
Меѓутоа тој, сепак, ќе учествува во најелитното европско натпреварување доколку се случи да го преземе тимот кој до неодамна го водеше Антонио Конте.
Алегри е една од варијантите, а Андони Ираола и Тијаго Мота се исто така во комбинација за преземање на некогашниот првак на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
