Во салата на средното училиште Васил Антевски-Дрен изминатиот викенд се одржа државно првенство во кик-бокс за кадети и јуниори во сите дисциплини и државно за сениори во дисциплината лоу-кик. Учествуваа вкупно 166 борци од 24 клубови од сите градови низ Македонија.После многу години на ова државно првенство имаше голем одзив на учесници. Ова се должи на тоа што многу од неактивните клубови се активираа и донесоа многу квалитетни борци.
Беа опфатени сите дисциплини на татами и на ринг: Тие се натпреваруваа во овие дисциплини Kick light (KL), Point fighting (PF), Light contact (LC), musical forms Ринг: Full Contact (FC), Low Kick (LK), K-1 style.
“Како претседател многу сум задоволен од одржаното државно првенство.Мојот најголем успех како прв човек на федерацијата е тоа успеав да ги соберам сите клубови,натпреварувачи и тренери на едно место – под капата на кик-бокс Федерацијата на Македонија. Сите заедно сега ќе се вклучиме во процесот на создавање на млади идни и нови шампиони кои ќе бидат дел од нашата репрезентација. На крај ќе упатам една една голема благодарност до АМС, градот Скопје, МОК,Сојузот на Спортски Федерации како и до нашите спонзори за големата помош која ни ја пружија во изминатиот период ” истакна претседателот на кик-бокс Федерацијата Дејан Митровски-Урко по завршување на шампионатот.
Според резултатите најброен и најуспешен клуб е прогласен КК Шампион од Скопје со 21 освоен медал, од кои 8 златни, 7 сребрени и 6 бронзени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА