Мастерсот во Индијан Велс ќе се игра во октомври

Мастерсот во Индијан Велс сепак ќе се одигра годинава. Наместо во март кога традиционално се одржува, организаторите одлучија натпреварувањето во пустината во јужна Калифорнија да се одржи во октомври.

Поради пандемијата од коронавирусот турнирот не беше одигран минатата година, а сезонава мораше да биде прескокнат редовниот термин.

„На сите во нашиот спорт ни недостигаше турнирот во Индијан Велс во минатите две години и неговото враќање во октомври е голема работа за тенисот“, изјави претседателот на АТП, Андреа Гауденчи. 

 

Се вчитува...