Матеј Цветаноски заминува од Ѓирмот

Офанзивниот крилен играч Матеј Цветаноски по само неколку месеци минати во унгарскиот тим Ѓирмот, го раскинува договорот со овој тим и во летниот преоден рок ќе бара нова средина. Цветаноски во зимскиот преоден рок од Шкупи, замина во унгарскиот тим, што беше негов прв интернационален предизвик.

Веднаш по преселбата во Унгарија, Цветаноски го зазеде своето место во тимот, одигра 10 натпревари, меѓутоа по последните лоши резултати на екипата, падна на последната позиција на табелата, со минимални шанси за опстанок во последните три кола од шампионатот. Цветаноски веројатно веднаш ќе го напушти тимот, и нема да биде дел од последните три кола.

Доколку Ѓирмот останеше во првата лига, имаше опција договорот да биде продолжен на уште две години, доколку двете страни се согласат. Сепак, веројатно тоа нема да се случи, па Цветаноски ќе ја напушти екипата како слободен агент.

Исто така од Унгарија пред заминување се и Бојан Миовски и Стефан Спировски, кој играат за МТК, тим кој исто така е блиску до испаѓање. Ако тоа се случи, тогаш двајцата репрезентативци ќе бидат слободни фудбалери.

Се вчитува...