Матео Беретини го откажа настапот на Ролан Гарос

Италијанскиот тенисер, Матео Беретини  откако минатата година успешно се врати од повредата, сега повторно се соочува со големи проблеми. Тој поради повреда мораше да го предаде мечот со Каспер Руд во Рим, а сега пристигна информација дека Италијанецот го откажал настапот на Ролан Гарос.

Мечот против Норвежанецот во третото коло во Рим Беретини го прекина поради повреда на стомакот, а Италијанецот во солзи го напушти централниот терен во Рим.

За негова несреќа, повредата се покажа како преголема и Беретини нема да настапи ниту во Париз. Така, Италијанецот стана третиот играч кој го откажа Ролан Гарос. Пред Беретини своите настапи ги откажаа и Давид Гофин и Рафаел Колињон.

Се вчитува...