Матео Ковачиќ почнал со штрајк во Реал Мадрид!

Хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ одлучил да штрајкува во редовите на еверопскиот фудбалски првак Реал Мадрид. Тој одлучи да не тренира со тимот, се додека не му биде дозволено да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, тврди шпанскиот весник „Марка“.

„Ковачиќ го извести раководството на клубот дека нема намера да тренира додека не се разреши неговата фудбалска иднина. Играчот дојде утрово во тренинг центарот „Валдебебас“ и после разговорите со луѓето од клубот одлучи да не се приклучи на тренингот“, открива „Марка“.

Матео Ковачиќ неколкупати нагласи дека сака да го напушти Реал Мадрид затоа што не сака да седи на резервната клупа. Тој побара да му биде овозможено да замине во друга фудбалска средина каде што ќе има адекватна минутажа.

 

Се вчитува...