Матераци фати сеир: Едно скудето на Интер вреди колку пет на Јувентус

Интер единаесет години чекаше на шампионска титула во Италија, скудето што е уште послатко ако се знае дека со него беше прекината серијата од девет последователни трофеи на Јувентус.

Легендарниот дефанзивец Марко Матераци, кој беше дел од претходната шампионска генерација на „нероаѕурите“, не ја пропушти можноста да го „боцне“ големиот ривал.

„Јас уште на почетокот од сезонава реков дека освојувањето на титулата е обврска на Интер. Секако дека уживам во овој момент бидејќи верував во Конте и во овој тим уште од првиот ден. Исто така, едно скудето на Интер вреди колку пет на Јувентус, затоа радоста кај сите нас е толку голема“, изјави Матераци.

Се вчитува...