Матераци: Мурињо дојде во Рома за да победува

Поранешниот фудбалер на Интер, Марко Матераци, зборуваше за тренерот со кој работел во клубот, Жозе Мурињо, кој во вторникот стана тренер на Рома. Тој верува дека Португалецот е дојден во Рома за да победува и да освојува титули.

Вчера како гром од ведро небо одекна веста дека Мурињо е новиот менаџер на „волчицата“, па ваквата вест го привлече вниманието на фудбалската јавност.

„Верувам дека Мурињо многу потешко би ја прифатил поканата за тренер од Јувентус или Милан. Секако, за навивачите на Интер, неговото заминување во еден од тие два клуба би било полоша опција. Верувам дека „Нероазурите“ ќе го разберат неговот заминување во Рома, тој направи многу за Интер. Сепак, верувам дека Мурињо со Рома ќе даде се од себе за да победи и против Интер. И тој ќе ужива ако успее во тоа“, рече Матераци.

На Мурињо му претстои тешка работа во новиот клуб, а Матераци верува дека Португалецот не би ја прифатил таа работа баш така.

„Жозе не би дошол во Рома без гаранција. Тој сигурно добро го маплатил предизвикот, имајќи предвид дека нема да игра веднаш во Лигата на шампионите. Тој е навикнат на клубови подготвени да направат сè за да победат, а клубот на Рома, колку што знам, сака да победи. Ќе видиме кога ќе донесе засилувања во текот на летото какви ќе бидат неговите апетити“, заклучи Марко.

Се вчитува...