Матераци откри што му кажа на Зидан во финалето на СП

По речиси 20 години, легендарниот италијански фудбалер Марко Матераци откри што му рекол на Зинедин Зидан во финалето на Светското првенство во 2006 година.

Инцидентот кој се случи во првото полувреме кога Зидан го удри Матераци со глава фрли сенка на финалето кое се играше на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.

На крајот Италијанците по подоброто изведување пенали успеаја да ја освојат титулата светски првак.

Матераци по многу шпекулации откри што му рекол на Зидан на натпреварот.

„Не ми се допаѓа тоа што се случи, не е фер. Таа епизода никогаш не требаше да се случи. Во жарот на тоа финале, меѓу предизвиците и навредите, Зидан ми понуди дрес. Одбив и му реков дека повеќе ја сакам неговата сестра. Потоа се сврте и реагираше како што сите се сеќаваат. Оттогаш не сум го видел“, изјави Матераци.

Се вчитува...