Една од главните теми во Бундеслигата деновиве е Мануел Нојер, чии преговор околу продолжување на соработката со Баерн Минхен пропаднаа. Легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус му порача на голманот да не биде дрзок и безобразен и да не бара нереални услови.
„Во овие тешки времиња, Нојер треба да се сети што се направи Баерн за него. Треба да биде благодарен на клубот, бидејќи почитта не треба да биде едносмерна. Не се сеќавам дека на било кој фудбалер на Баерн Минхен му била дадена толку голема доверба како на Нојер. Тој тврдоглаво инсистира на долгорочен договор што е прилично дрско и безобразно“, изјави Матеус.
Нојер во Баерн Минхен пристигна во 2011 година. Со „баварскиот“ клуб успеа да ги освои сите можни трофеи, а 2014 со Германија беше и светски шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА